Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид – Струга, 102 км југозападно од Скопје.
Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 102 километри југозападно од Скопје, се регистрирани изутрината во 4 часот и 34 минути во Охридскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.