Ободниот канал за заштита од поплави во Арачиново е целосно санира и исчистен од вегетација во должина од 295 метри, за што од Министерството за животна средина и просторно планирање потрошени се 63 милиони денари (нешто повеќе од милион евра). Министерството за животна средина и просторно планирање само во изминатите месеци инвестираше уште дополнителни 93 милиони денари во речиси 20-тина проекти за водоснабдување, канализација и заштита од поплави во Арачиново, вклучувајќи и изградба на атмосферска и фекална канализација во повеќе краци од селото, регулација на речното корито во Мојанци, Грушино и Орланце, како и пешачки патеки, тротоари и уредување на јавен простор.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска го посети Арачиново по повод финализирањето на проектот за „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“.