1 (9) ■ вести > македонија ■ 10-May 12:01 -> 10-May 13:16
.
.
.
.

Тошковски за истрагата околу Кочани: Сега се сослушуваат сведоци

  • Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

8 (4) ■ вести > македонија ■ 10-May 11:57 -> 10-May 12:52
.
.
.
.

Скопје се придружи кон повикот на ЕУ на безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

  • ЕУ ЗА УКРАИНА: Калас повика за безусловен прекин на огнот од Русија, доби поддршка и од Македонија, Норвешка и В. Британија

Европската Унија се придружува на Украина и на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД, во повикот за целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјавата упатена во име на Унијата и уште пет други држави, меѓу кои и земјава.

Европската Унија се придружува на Украина и на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД, во повикот за целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјавата упатена во име на Унијата и уште пет други држави, меѓу кои и земјава.

14 (50) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење – изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

21 годишниот Васил Јованов призна вина, се извини и изрази каење со наведната глава и не гледајќи ги во очи родителите и најблиските на 22 годишната Фросина Кулакова која смртно ја прегази на Партизанска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

16 (44) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 08:47 -> 10-May 23:59
.
.
.
.

Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

  • МВР за убиството во Штип: Уапсени и помагачите на сторителот

  • Штипското обвинителство побара притвор за петте турски државјани што учествуваа во убиство

Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во синоќешното убиство на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип.

Синоќа во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што . Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

9 (7) ■ бизнис > македонија ■ 10-May 10:14 -> 10-May 11:30
.
.
.
.

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки

  • Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

94 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

181 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 08-May 07:35 -> 08-May 15:27
.
.
.
.

Форум на добри компании 2025: Платата привлекува, но работната култура задржува

  • Поважно е како се чувствуваат отколку платата - Форум на добри компании 2025

Во атмосфера полна со иновативни идеи и енергија за промена, на 8 мај во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Форум на добри компании 2025, настан што собра влијателните лидери, експерти и креатори на промени од Балканот и Европа – за да дискутираат за еден од најголемите предизвици на современото работење: како да се создаде работна средина каде луѓето ќе се чувствуваат вреднувани, инспирирани и посветени.

Во Скопје денеска ќе се одржи Форумот на добри компании 2025, на кој треба да бидат истакнати клучните предизвици и решенија поврзани со современата работна култура, информираат организаторите.