Големата награда на Мајами (САД) ќе остане во календарот на Формула 1 до 2041 година, откако беше постигнато 10-годишно продолжување на постоечкиот договор, објави Формула 1 во соопштение.
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го постави најбрзото време на единствената слободна тренинг сесија пред Големата награда на Мајами, шестата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Австралијанецот, кој е лидер во генералниот пласман, го извозе најбрзиот круг околу „Хард Рок“ стадионот за 1:27,128 минути.