Ако се вратиме 5 години назад, кога се соочивме со здравствената криза, можам слободно да кажам дека и покрај слабото или никакво дејствување на Светската здравствена организација што остави простор секој сам да дејствува и без нашето потребно искуство за пандемијата ние како Комора добро се справивме. одлично одреагиравме за отворањето на коридорите уште на самиот почеток на кризата за непречен проток на суровините до нашите капацитети и , многу добро го изменаџиравме првиот удар на кризата, која во тој момент најмногу се почувствува во дејностите врзани со движење - угостителството и туризмот и сообраќајот и транспортот.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во колумна вели дека комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата, и ги мотивираше своите членки за инвестирање и отворање нови работни места.