Самитот ја покажа својата сила – да ги спои најдобрите идеи со луѓе што можат да ги реализираат – изјави Мојсоска Блажевски.
Конференцискиот дел од досега најголемиот Самит на Македонија2025, на кој учество зедоа 36 истакнати говорници во 14 панел-сесии и на кој присуствуваа над 700 претставници од домашни, глобални и компании од дијаспората, експерти и лидери, ќе биде затворен попладнево, кога се очекува да се обрати и претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде симболична потврда за важноста на јавното-приватно партнерство и заложбата за поддршка на дијаспората, иновациите и образованието како двигатели на развојот. Novamakedonija
На панелот „Враќање на инвестициите, движење напред: Улогата на дијаспората во националниот раст“, модериран од со-основачот на Македонија2025, Џон Битов, претставници на успешни компании на нашинци од светот дадоа нови перспективи за економската интеграција на дијаспората со домашната економија.
Извршната директорка на Македонија 2025, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, оцени дека вториот ден од Самитот ја потврдил суштинската вредност на овој значаен настан, како место за размена на иновативни идеи, креирање партнерства и презентирање на конкретни иницијативи. A1on
Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој.
Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и од регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава. Plusinfo
Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава.
Следуваше панелот „Образование на иднината“, на кој учествуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кој го отвори прашањето како да се изградат нови генерации на лидери, мислители и иноватори, преку реформи и искористување на најдобрите меѓународни искуства. Netpress
Панелот „Револуција на вештачката интелигенција“ донесе конкретни примери за тоа како ИКТ иновациите веќе ја менуваат традиционалната индустрија и деловните модели.
Во рамки на вториот ден од Самитот се одржа и свечената церемонија за доделување на наградите за академска извонредност на стипендистите од програмата поддржана од Фондацијата Атанас Близнакоф од САД. Netpress