Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја посети хидроелектраната „Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот, безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на производните перформанси.
Добивај вести на Viber По неодамнешното усвојување на новиот Закон за енергетика, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предводено од министерката Сања Божиновска го забрзува темпото на реформи и веќе работи на следниот пакет регулативи што ќе ја усогласат македонската правна рамка со најновите европски директиви.