Добивај вести на Viber Бруто надворешниот долг е намален за 203 милиони евра.
На крајот од првиот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесувал 12.117 милиони евра и забележува квартално намалување од 203 милиони евра. Faktor
На крајот на првиот квартал од годинава нето-надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал, соопшти Народна банка.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%. Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година. Plusinfo