Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10. Божиновска на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството посочи дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а особено го истакна значењето на новиот Закон за енергетика. Skopjeinfo