Индустриското производство во мај 2025 година е зголемено за 9.4 проценти во однос на мај 2024 година.
Секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 18.8 проценти, секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.0 отсто, а секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 11.8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на: прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, хартија и производи од хартија, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума и производи од пластични маси, електрична опрема, машини и уреди, на мебел и моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за 13.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 %. Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто. Fokus
Секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 18.8 проценти, секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.0 отсто, а секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 11.8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Republika
Бројот на работниците во мај годинава, во однос на мај лани е намален за 4.3 %. Во периодот јануари – мај 2025, пак, во споредба истиот период од 2024 година, нивниот број е помал за 4.1 %, објави Државниот завод за стастика. Skopjeinfo
Минимален пад доживеала просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај, соопшти Народна банка.
Намалувањето на каматната стапка на кредитите во однос на април оваа година изнесувало 0,05%, а во однос на мај 2024 година изнесува 0,43% и изнесувала 5,06%, се дознава од соопштението. Lokalno
Пад е забележан кај производството на струја, гас и пареа, каде што бројките се пониски за 11.8%. Aко ги гледаме првите пет месеци од годината, од јануари до мај, индустријата вкупно пораснала за 3.3 проценти споредено со истиот период лани.
Ова е првпат по подолг период да има ваков скок на индустриското производство, а е важно зашто е мотор на економскиот раст. Sitel
Вкупно, европскиот пазар прими 5.535.831 нови патнички автомобили од почетокот на оваа година.
Ова е зголемување од 0,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, според податоците од JATO Dynamics, за 28 европски земји.Групацијата Volkswagen, Групацијата Renault и Групацијата BMW постигнаа добри резултати во продажбата, постигнувајќи зголемување на продажбата од 3,3%, 4,6% и 6,3% соодветно. Vecer
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги.
Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела гувернерот на Народната банка Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација (МБА). Претседателката на МБА Маја Стевкова Штериева денеска изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките, а упати и на ветувањето од Народната банка за намалување на надоместоци што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). „Банките веќе почнаа да си ги разгледуваат тарифите, тоа што го даде гувернерот, но како што нагласив и тогаш тоа е индивидуална одлука на секоја банка односно на органите на управување на банката.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура.
Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа.
Printscreen / Youtube / Владата Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто за 9,4 проценти во мај годинава во однос на мај лани е показател дека индустријата зазема стабилен курс на раст.
Силен индустриски импулс – раст забележан во рударството, производството на опрема, возила и мебелМинистерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, истакна дека зголемувањето на индустриското производство за 9,4% во мај 2025 година, во споредба со мај 2024, претставува јасен показател за стабилен курс на раст на македонската индустрија.
Управата за јавни приходи соопшти дека техничките проблеми со мобилната апликација „МојДДВ“ се надминати и дека таа повторно функционира непречено.
Трет ден хаос со „МојДДВ“, граѓаните револтирани, не можат да скенираат фискални сметки 13:31, јуни 29, 2025 Апликацијата „МојДДВ“ не функционира веќе трет ден, а револтирани граѓани масовно пријавуваат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки и да го остварат своето право на поврат на ДДВ.