За изградба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп буквално е преместена планина, а граѓаните добија максимално безбеден пат истакна денеска во своето обраќање при пуштањето во употреба на овој експресен пат заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Навистина е големо задоволство што ова лето граѓаните од тиквешкиот регион, од Прилеп, од Битола, од Ресен, од Могила, од Новаци, од Кривогаштани и оние кој што сакаат полесно да патуваат до Охрид и таму да поминат дел од одморот ќе можат да го користат овој експресен пат – рече Николоски. Republika