Според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за 13.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 %. Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3. Republika