Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Во рамки на Бизнис форумот „Италија – Македонија“, кој денес се одржа во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари билатерална средба со заменичката министерка за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Марија Триподи.
На средбата, како што соопшти Министерството, било изразено заедничко задоволство од сè поинтензивната економска и политичка соработка меѓу двете земји, особено во доменот на енергетиката, каде што постои значаен интерес од италијански компании за инвестирање во зелени и одржливи технологии.