Да се подигне свеста кај потрошувачите за важноста од купувањето домашни земјоделски производи и преработки со што ќе се поддржат земјоделците, преработувачите и домашната економија, е целта на новата кампања што ја најавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Кампањата ќе биде насловена „Македонско најдобро“ и, како што вели ресорниот министер Цветан Трипуновски, предвидува новина – воспоставување платформа за лесен пристап до информации за производителите и продавачите на земјоделски производи, како и за подобра евиденција на земјоделското производство во земјава.