Факт е дека во март имавме намалување на јавниот долг за 4,7 отсто од БДП, вративме еврообврзница од половина милијарда евра што ја зема претходната власт во 2018 година, Министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономската стабилност без притоа да имплементира нови давачки, без да ги зголеми ДДВ и возраста за пензионирање, нешто што е барање и на меѓународните институции, да ги вратиме 50-те милиони евра данок на солидарност,… Се што сме се задолжиле е за да вложиме во капитални инвестиции, а не за плати и пензии како што правеше претходната власт, а сепак наоѓаме ликвидност, да реализираме проекти, се бориме буџетскиот дефицит да го намалиме на под четири отсто. Vecer