Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за штрајк што требаше да се реализира денеска, потврди за МИА претседателот на ССКЛМ Александар Тасевски.
АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ денеска соопшти дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација, како и дека во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти.