Бугарскиот историчар и член на Бугарската академија на науките, Спас Ташев ја коментираше размената на невкусни зборови меѓу бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев и премиерот Христијан Мицкоски.
Добивај вести на Viber Остра и крајно провоцирачка порака пристигнува од бугарскиот академик Спас Ташев, за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев се задева со лавот.„Глушецот Мицко, замислувајќи се себеси како лавот Мицковиќ, побара официјално извинување од Бугарија затоа што нашиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во интервју за БТВ изјави дека Бугарија станала фактор во ЕУ и во регионот, со идеја дека Северна Македонија треба да го има ова предвид.