Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери.
Претседателот на САД Доналд Трамп на своите донатори собрани на приватен настан во 2024 година им кажал дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека „ќе ја бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, се дознава од тајна аудио снимка што ја објави Си-Ен-Ен. Ваквите искази делуваат крајно нелогично, ако се земе предвид што се случува во Украина сега.
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски производи и 50 проценти на увозот на бакар.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера објави дека ќе даде важна изјава за Русија во понеделник, но не изнесе никакви детали.