Денес, американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно го критикуваше претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, изјавувајќи дека каматните стапки мора да бидат на или под еден процент.
Американскиот претседател Доналд Трамп располага со право да го разреши претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, поради основани причини, доколку постојат докази за тоа, рече вчера економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хесет, додавајќи дека Федералните резерви имаат многу да објаснат во врска со надминувањето на финансиските средства за реновирање на нивното седиште во Вашингтон.