Ќе се зголеми кредитот за доизградба на автопатот Кичево-Охрид, ова го најави премиерот Мицкоски ден по пуштањето на 20 километарската делница.
20 километри од автопатот Кичево-Охрид од денеска се пуштени во употреба 360степени | 13 јули, 2025 14:18.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на пуштање на дел од патот Кичево-Охрид и динамиката на работа на другите автопати, изјави: Што се однесува до динамиката на изградба на автопатот кој што е дел од Коридорот 8, а го поврзува Кичево со Охрид, можам да кажам дека пред 8 месеци отприлика, состојбата беше до никаде.
Изградбата на автопатот Кичево-Охрид била во застој, а во текот на изминатите осум месеци со работа во три смени работите се откочиле и се движат со засилено темпо, вели премиерот Мицкоски, кој очекува тој целосно да биде завршен кон крајот на 2026 или првиот квартал на 2027 година.