Член на надзорниот одбор што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член на комисијата која одлучувала за вработувањата на повторениот оглас, на кој биле вработени Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ кој беше осуден за упадот во Собранието на 27 април, како и Атанас Стамнов, сопруг на директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова, и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Ѓорѓиев, потврдуваат за Фактор извори од М-НАВ.
На спорниот оглас, поради кој контролорите на летање во М-НАВ се заканија дека ќе штрајкуваат на 10 јули, примени се: Ивана Југ – сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, сопругот на директорката на Централен регистар на Македонија Анита Стамнова, Атанас Стамнов, како и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Ѓорѓиев, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Ѓорѓиев е примен на работното место „студент ВИ“, додека Југ и Стамнов се примени на работното место „помошник за развој и инвестиции и набавки“.