Македонија 2024 година ја завршила со рекордни 1,25 милијарди евра странски директни инвестиции – највисоко ниво досега, изјави Гоце Димовски, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), во интервју за бизнис магазинот „Капитал“.
Според него, ваквото темпо на привлекување инвестиции ќе продолжи и во наредниот период, со уште посилна динамика.