Ќе се усогласиме со Европската Унија ако се воведат стопроцентни царини на руските производи, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.
„Ние сме прва држава од регионот која има стопроцентна усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, така што ќе го следиме тој процес и доколку се донесе таква одлука, ние како држава тоа ќе го примениме, изјави Мицкоски во одговор на прашање за повикот на САД, земјите од Европа да стават царина на руските производи.