Претставен новиот Audi Q3 во својата најдобра форма: динамични и моќни пропорции на SUV избалансирани со пространа внатрешност.
Со нов дизајн, нови технологии и нови, моќни погони, Audi ќе се обиде да ја завземе водечката позиција во сегментот со новиот Q3. Низ минатите две генерации, Q3 е продаден во повеќе од два милиони примероци – а тоа значи дека е еден од најдобро-продаваните модели на Audi и дека заслужува многу, многу внимание.