Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Хаг за ТВ21 изјави дека имала средба со бугарскиот премиер, и разговарале за потребата од меѓусебно разбирање и почитување.
Facebook/Gordana Siljanovska Davkova Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот Тимчо Муцунски денес имаа средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, на Самитот на НАТО во Хаг.
Историјата покажа дека кога Северна Америка и Европа работат заедно тоа претставува добитна комбинација и нашите противници го знаат тоа, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во воведното обраќање на стартот на работниот дел од Самитот на Пактот што се одржува во холандскиот град Хаг.
Фото - Кабинет на ПретседателПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава, за поднесување амандмани, и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО, имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.– Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија.