Интегрален текст од денешната прес-конференција на Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните.
СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за лиценца за организирање возачки испити во Пелагонискиот регион.