Еве една едноставна калкулација на економските експерти: „Имено, ако трендот на економскиот раст на Македонија се движи околу 2 отсто, а наедно и Европа продолжи да расте со 2 отсто, тогаш само би се продлабочувал јазот и ние никогаш не би го стигнале нивото на ЕУ! Посликовито кажано, ако останеме на нашиот раст на БДП од 2 отсто, тогаш станува повеќе од јасно дека Европа драстично ќе се оддалечува од нас (затоа што раст од 2 отсто на европскиот просечен БДП по жител што е 44.000, не е ист со нашиот раст од 2 отсто на речиси 8.000 евра БДП по жител). Така, ние никогаш нема да можеме да го стигнеме нивото на ЕУ! (Нам ни треба двоцифрен раст на економијата, односно БДП.)“. Натаму, ајде да земеме друга калкулација (друг пример). Во овој хипотетички пример, да земеме дека Македонија ќе успее да оствари раст од 6 отсто (што досега ни бил највисокиот раст на БДП, во 2007 година), а Европа (хипотетички) да стагнира и да остварува раст од 1 до 2 отсто. Novamakedonija