Има и опција за филтрирање по категорија или по специфичен производ преку кои секој граѓанин ќе може на брз начин да дојде до посакуваниот производ.
Во скоро време, како што најави Трипуновски, ќе биде ставена во функција и посебна мобилна апликација, преку која граѓаните ќе може лесно да ги пронајдат и да се информираат за домашните земјоделски производи и преработки од нив. Plusinfo
Оваа платформа е дизајнирана како централно место за поддршка и промоција на домашното производство овозможувајќи три основни типа на регистрација.
Првата регистрација е за земјоделците каде ќе можат лесно да ги прикачат и промовираат своите земјоделски производи. Faktor
„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи. Faktor