Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план - Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност. Skopjeinfo
Со завршувањето на Vision 2025, HELLENiQ ENERGY влегува во следната фаза на стратешка зрелост, користејќи ги цврстите темели изградени во изминатите три години.
Новиот стратешки план има за цел создавање долгорочна вредност, зајакнување на отпорноста и усогласување со развојот на енергетската, регулаторната и инвестициската рамка. Faktor
Според главниот извршен директор на за наредните години ги зема предвид новите услови на пазарите на капитал, кои се карактеризираат со построги ESG критериуми, фокус на краткорочни парични текови и очекувања за рамнотежа помеѓу профитабилноста и одржливиот раст.
Во исто време, посебен акцент се става на безбедноста, јакнењето на културата на високи перформанси и враќањето на дел од создадената вредност кон општеството. Faktor