Постапката за проверка е спроведена врз основа на потпишаните Меморандуми за соработка со Управата за јавни приходи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што се овозможи точна и ефикасна верификација на доставените податоци.
На веб-страницата на Министерството https://energy.gov.mk објавен е списокот на сите одобрени баратели на линкот -Известување за објавување на список на добитници на финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Skopjeinfo
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши проверката на сите пристигнати барања поднесени по Јавниот оглас за доделување на финансиска поддршка на лица кои припаѓаат на категоријата на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Zoom
Според резултатите, 313 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост ќе добиваат месечна поддршка од 1.000 денари, почнувајќи од март 2025 година, а 94 згрижувачки семејства го стекнуваат правото на финансиска поддршка.
Поддршката се исплаќа во форма на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија, во траење од 12 месеци, сметано од денот на поднесување на барањето. Plusinfo