Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека од есен се очекува да биде поставен камен темелник на новата инвестиција во индустриската зона во Штип.
Како што напомена, станува збор за фабрика за батерии која ќе вработи до 150 луѓе и ќе инвестира околу 36 милиони евра.Инвестицијата, како што рече тој, е со потекло од Европската Унија.-Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, информиравме дека имаме нова инвестиција која е потврдена во индустриската зона во Штип, која во својот пик за три години од денеска ќе извезува 300 милиони евра, кои ќе влезат во БДП.