Добивај вести на Viber Бизнисменот Огњан Циговски продаде 80 отстотен удел во Ресорт Маврово, но за кратко време потоа имал проблеми со наплатата на купопродажниот договор, поради што морало да интервенира извршител.
Ресортот во чиј состав влегуваат четири хотели, меѓу кои и „Бистра“ како најпознат,, кабаре, три угостителски бачила, скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ и подружница за изнајмување на рекреативна опрема, од мај има нов управител во Лубе Кутлешоски од Битола, а нов сопственик е „Епинал Холдинг“, чиј формален сопственик е Валентина Бабамовска.