Се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе нè направи регионална енергетска крстосница, што ќе значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци, а државава повеќе нема да биде на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на стартот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција.
Мицкоски истакна дека овој интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите силна порака дека државава конечно станува дел од европската енергетска мрежа.