Дополнително, во координација со релевантните национални тела, времено е одложена евалуацијата во рамки на Евалуационата комисија за високо образование, сè до добивање на официјален став од Европската комисија по однос на акредитацискиот статус на споменатото приватно правно лице, и покрај притисоците од некои вработени, да се продолжи со доделување на средства за предметниот Универзитет од Струга.
По спроведена контрола и анализа на доставената документација, утврдени се сериозни наоди кои укажуваат на системски пропусти и потенцијални злоупотреби од финансиска и процесна природа, спротивни на ЕУ регулативите и националните закони. Kanal5