Фото: Маја Јаневска-Илиева Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се следи состојбата со цените и најавува дека ќе се преземат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците.
На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка на македонските земјоделци, нагласувајќи дека Владата силно се залага за развојот на земјоделскиот сектор и поддршка на оние кои го одржуваат аграрот жив.„Македонија има потенцијал – и тоа не е празна фраза, туку фактичка состојба.