Европската комисија подготвува нов сет контрамерки против американскиот претседател Доналд Трамп, кои, за прв пат, би вклучувале ограничувања во секторот на услуги и јавни набавки, пишува Политико.
Европската комисија потврди дека комесарот на ЕУ за трговија, Марош Шефчовиќ, денес патува во Вашингтон за да се сретне со американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник, и трговскиот претставник Џејмисон Грир.