За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Sitel
Во Апостолските правила стои: „По неа (Педесетницата) празнувајте една седмица, па потоа постете, бидејќи е справедливо и да се веселите заради дарот Божји, но и да постите по олабавувањето“ (V,20). Според ова, овој пост во себе ја содржи идејата на засилување на подвигот по празничниот пасхален период, кога сме се опуштиле со храната.
Овој пост се утврдува кога во 4 век, од страна на светиот рамноапостолен Константин Велики, биле подигнати храмови во чест на светите првоврховни апостоли Петар и Павле во Константинопол и Рим. Kanal5