Општина Гази Баба ќе добие нова градинка во населба Инџиково, која се гради со средства од државниот буџет, преку проект од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и градоначалникот Бобан Стефковски, во текот на вчерашниот ден извршија увид на градежните активности.