Групацијата Renault разгледува опции за нов извршен директор по изненадувачката одлука на Лука де Мео да се повлече по пет многу успешни години на чело на францускиот бренд.
Лука де Мео при потпишувањето на договорот за стратешка соработка со кинески Џили Извршниот директор на групацијата Рено, Лука де Мео, креатор на стратегијата, за работењето со милијарди во загуба да се претвори во рекорден профит во автомобилската бранша, на 15-ти јули ќе го напушти шефовското место и ќе им се посвети на „нови предизвици надвор од автомобилскиот сектор“, соопшти производителот на автомобили.