Преку партнерството со GrECo Македонија, Allianz Partners и УНИКА Лајф, за прв пат во Македонија е развиен модерен и флексибилен модел на осигурување под името “Ризико Плус - Осигурување на живот на кредитокорисник”, кој вклучува покритија кои се прилагодени на потребите на финансиските институции и нивните клиенти.
Оваа соработка ја обединува глобалната моќ на Allianz во преземање на ризици и обработка на штети, додека со експертизата на УНИКА Лајф и GrECo Македонија, кредитокорисниците комплетно ќе бидат заштитени од ризикот доколку не бидат во можност да го вратат кредиот поради непредвидени настани, како што се губење на живот или неспособност за работа како последица од несреќа и болести. Skopjeinfo
Иуте Македонија - дел од естонската групација Иуте, ја лансираше првата целосно дигитална услуга за осигурително брокерство во соработка со УНИКА Лајф, Allianz Partners и GrECo Македонија, како единствена од ваков вид на пазарот.
На овој начин Иуте Македонија преку Iute Safe преминува на едно сосема поинакво ниво на работење и опслужување на корисниците, со воведување на надградба на досегашните процеси и покритија на осигурувањето. Skopjeinfo