Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска се исплатени 99.743.746 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка. Plusinfo
Денеска се исплатија 99.743.746 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година – соопшти Министерството.
Оттаму додаваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка. Plusinfo