Емануел Макрон, претседателот на Франција, и неговата сопруга Брижит Макрон пристигнаа во тридневна официјална посета на Обединетото Кралство.
Двојката слета со приватен авион во RAF Northolt, каде што ги пречекаа принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.
Фотографија од гала вечера во замокот Виндзор, на која францускиот претседател Емануел Макрон ѝ намигнува на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, брзо стана вирална на социјалните мрежи.
Макрон ќе биде примен од кралот Чарлс Трети, а посетата е прва државна посета на француски претседател од 2008 година.