Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видение: „...стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ н` повикал таму да го проповедаме Евангелието (Дела 16-9,10). Kако што стои во ова сведоштво, една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. Press24