Едно од шест лица во светот е засегнато од осаменост, која, заедно со социјалната изолација, може да доведе до физичка болест, придонесувајќи за 871.000 смртни случаи низ целиот свет годишно, соопшти комисија на Светската здравствена организација (СЗО). Осаменоста го зголемува ризикот од мозочни удари, срцеви удари, дијабетес, депресија, анксиозност и самоубиство, соопшти СЗО.
Незаразните болести остануваат водечка причина за смрт и инвалидитет во Европа, каде што 20 проценти од мажите и 10 проценти од жените умираат пред 70-годишна возраст, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во европскиот регион, 1,8 милиони луѓе умираат секоја година од кардиоваскуларни заболувања, рак, хронични респираторни заболувања, дијабетес и слични болести.