Еден од шест луѓе во светот страда од осаменост, која, заедно со социјалната изолација, може да доведе до развој на бројни физички болести, што на крајот резултира со 871.000 смртни случаи годишно низ целиот свет, според податоците од комисија на Светската здравствена организација (СЗО). Осаменоста го зголемува ризикот од мозочен удар, срцев удар, дијабетес, депресија, анксиозност и на крајот самоубиство, објави СЗО.
Незаразните болести остануваат водечка причина за смрт и инвалидитет во Европа, каде што 20 проценти од мажите и 10 проценти од жените умираат пред 70-годишна возраст, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во европскиот регион, 1,8 милиони луѓе умираат секоја година од кардиоваскуларни заболувања, рак, хронични респираторни заболувања, дијабетес и слични болести.