Во 2012-тата година, повикувајќи се на податоци на Евробарометар, се наведува дека во Франција дури 28 % од полнолетното население биле пушачи, а за истата година во Шведска овој процент изнесува 11,4%. Дванаесет години подоцна, Франција бележи незначителен пад на 27%, додека пак кај Шведска процентот на пушачи е само 5,3%. Во меѓувреме, скандинавската земја кон крајот на 2024 година успеа да биде и првата земја во светот „без чад“ со стапка на пушење под 5%, со што ги исполни целите на Светската здравствена организација и на Европската Унија. Biznisvesti