Летото и топлото време носат многу предизвици, а еден од нив е како да ја негуваме мрсната кожа на лицето за време на пеколно високите температури.
Со цел да ја намалиме реактивноста на мрсната кожа во овој временски период, постојат неколку трикови за нега на овој тип на кожа:Заменете ја течната пудра со минерална пудра во прав Течните пудри се апсорбираат во горниот слој на кожата, а мрсната кожа природно, додатно лачи себум, што може да резултира со несакан сјај на лицето.