Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху жестоко ги нападна лидерите на Франција, Велика Британија и Канада откако тие се заканија со „целни санкции“ поради обновената воена офанзива на Израел во Газа.
Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, објави дека сите јавни болници во северниот дел на Појасот Газа сега се „надвор од функција“ поради израелската воена акција во близина на индонезиската болница, објави „Тајмс оф Израел“.
Израел денеска дозволи влез на камиони со храна за бебиња во Газа, соопшти израелското Министерство за надворешни работи, по најавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе биде дозволено влегување на мала количина помош по двомесечна блокада.„Денес, Израел го олесни влегувањето на камиони со храна за бебиња во Газа.