Фустанот ја прегрнуваше фигурата на пејачката и откриваше дел од нејзините нозе благодарение на шлицот висок до бутовите.Правејќи пауза од нејзината светска турнеја „Радикален оптимизам“, која завршува во декември оваа година, таа се појави на шоуто заедно со ѕвезди како Хантер Шефер, Карди Би и Карол Г. Ревијата на модниот бренд Schiaparelli се одржува во рамките на Неделата на модата во Париз, а станува збор за колекциите за есен-зима 2025/2026.