Бидејќи сè повеќе луѓе низ целиот свет доживуваат напади на паника – дури и оние без дијагностицирана ментална болест – експертите сè повеќе препорачуваат едноставни, сензорни методи за смирување на телото и умот.Меѓу нив, се издвојува една необична, но вирална техника – парче лимон.Овој „метод на приземјување“ стана вистински хит на Инстаграм благодарение на психологот од Колорадо, Џенифер Ендерс, која тврди дека лимоните можат да ни помогнат да се вратиме во сегашниот момент и да избегаме од вртлогот на негативните мисли.